Кадетите втори во екипна конкуренција со награда од 2.000 евра во Русе (ФОТО)

Македонската репрезентација во кадетка конкуренција е втора во екипното натпреварување на Традиционалниот меѓународен турнир „Русински легенди“ во Русе – Бугарија.

Македонија ги победи двете бугарски репрезентации со 6-4, 7-3 и Романија со 7-3. Загуби само од Русе со 8-2. Македонија на крајот беше втора и ја освои наградата од две илјади лева. Ова се први средби во екипна конкуренција меѓу кадетите.

На турнирот учествуваа 4 репрезентации плус екипата на Русе: Бугарија А и Б, Русе, Романија и Македонија..
Боите на Македонија од Балканец ги бранеа: -45 кг Стефан Штерјов, -51 кг Ненад Панов, -60 кг Филип Тасев, -65 кг Давид Мишев, -71 кг Фадил Назифов, -92 кг Петар Костов и -110 кг Теодор Ѓоргиев, Бесир Алили, Реџеп Поцеста и Реџеп Хајдари и  Тефејуз.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...