ИO за уредување на односите во МOK е задоволен поддршката на Меѓународниот олимписки комитет

Инцијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, искажува задоволство од реакциите и поддршката што ни ја даваат Меѓународниот олимписки комитет и повеќе меѓународни асоцијации и федерации, во однос на исполнување на нашите барања мнозиството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови, кои ќе ги застапуваат интересите на спортистите и федерациите, се вели во сооштението на Иницијативниот одбор по повод состанокот во Лозана на претсавниците на МОК и на Владата и насоките што произлегоа од него.

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ИО.

„Рокот што Македонскиот олимпски комитет мора да го почитува е 21 декември 2019 година, но мора да се почтува и обврската во однос на структурата на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимиски комитет да се уреди и промени на истиот ден.

Инцијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет ќе ги продолжи своите активности делувајќи согласно националното законодавство и Олимписката спортска повелба во насока на почитување на сугестиите за учество на Собранието на Македонскиот олимски комитет, притоа, Македонскот олимски комитет да ја почитува Олимиската спортска повела и почнувајќи од 21 декември 2019 година мнозинството на Собранието и Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет да го сочинуваат претставници избрани од националните спортски федерации од олимписките спортови.

Веруваме дека челниците на Македонскиот олимписки комтет се свесни и одговорни во однос на исполнување на обврските што ги имаат, со цел после триесетина години да одржат легитимно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, со верифицирање на легитимни престаници, а донесените одлуки да ги потврдат избраниците на националните спортски федерации.

Инцијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет го сочинуваат Атлетската, Боксерската, Боречка, Стрелачка, Карате, Бадминтон, Кајакарска, Пинг-понг, Шаховска федерација, Велосипедска, Мечувалечка, Коњичка, Едриличарска, Триатлон, Скијачка, Одбојкарска,, Хокеарска и Спортско качувачка федерација, но кон Инцијативниот одбор се приклучија голем број на национални спортски федерации од неолимиските спортови, како и истакнати спортисти и спортски работници, што уште повеќе ја зголемува нашата одговорнст“.

print