И јуниорите не освоија медал на Европското карате првенство

Македонаката карате репрезенатција и по настапот на јуниорите остана без медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија, Бугарија.

Специјален известувач од Софија: Венцо Донев

Само Филип Несторовски и Фаик Весели забележаа по две победи, но ниту тие ниту Кренар Џафери и Симона Симовска не добија шанса за репасаж, бидејќи нивните противници беа поразени во наредните борби, односно не стигнаа до финалето.

Денеска „потфрли“ и поранешната европска првенка во кадетска конкуренција Вероника Костовска која загуби во првото коло. И по прегледувањето на снимката се виде дека францускиот судија си ја заврши работата како главен судија, зашто нашата натпреварувачка загуби не само од противничката туку и од судиите, кои играа за Французинката, која пак не успеа да освои медал, а оние што освоија, како шампионаката Маријана Лелис од Поругалија и Шпанката Марина Касерес, губеле убедливо од Костовска.

Несторвски покажа најмногу, но во клучната борба му падна концентрацијата и ја загуби.

Да се надеваме дека јуниорите до 21 година ќе го осветлат образот на македонското карате.

Резултати

јуниорки

-48 кг Фидан Тејмурова (Азербејџан) – Драгана Манговска (Македонија) 1-6

-53 кг Азра Цури (Македонија) – Глорија Олиќ (Хрватска) 0-3

-59 кг Вероника Костовска (Македонија) – Клара Халодова (Чешка) 0-3

+59 кг Наташа Олковска (Полска) – Симона Симовска (Македонија) 1-1

             Симона Симовска (Македонија) – Василиса Бујиќ (Црна Гора) 0-1

јуниори

-55 кг Столе Смилковски (Македонија) – Мергим Бектеши (Косово) 2-0

           Столе Смилковски (Македонија) – Елдин Хајдарпашиќ (БиХ) 0-0, победа на Босанецот со изјаснување на судиите

-61 кг Фаик Весели (Македонија) – Ахмед ел Мсутафи (Австрија) 1-0

           Фаик Весели (Македонија) – Џош Барнс (Шкотска) 1-0

           Фаик Весели (Македонија) – Артем Кутугин (Русија) 0-1

-68 кг Константин Василевски (Македонија) – Валентин Јорданов (Бугарија) 0-1

-76 кг Филип Несторовски (Македонија) – Хасан Бетаче (Франција) 2-0

           Филип Несторовски (Македонија) – Лука Ферлин (Словенија) 10-1

           Филип Несторовски (Македонија) – Валид Дегали (Белгија) 1-3

+76 кг Кренар Џафери  (Македонија) – Мариос Константину (Кипар) 4-0

            Кренар Џафери  (Македонија) – Иван Корабау (Белорусија) 0-3

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...