И јуниорите на Бутел жнеат медали – четири на „Хереа опен 2018“ во Софија

Јуниорскиот тим на ТКД Бутел освои два златни и по еден сребрен и бронзен медал на еден од најсилните таеквондо турнири во младински категории во регионот „Хереa опен 2018“ во Софија, Бугарија, конкуренција на 1200 натпреварувачи Бутел е третопласиран клуб во јуниорска конкуренција на овој турнир.

Медалите ги освоија:
Анамарија Георгиевска (-63 кг, јуниори) – златен со три победи
Далибор Глигоров (-78 кг, јуниори) – златен со три победи
Марко Аврамовски (-59 кг, јуниори)– сребрен со три победи
Симона Трајковска (-44 кг, јуниор) – бронзен

И младите таеквондисти на Бутел покажаа дека имаат потенцијал, така што може да се очекуваат успеси и на официјалните големи натпреварувања.

Успехот можеби ќе беше поголем ако Аврамовски не заработеше повреда на аркадата во финалната борба. Сепак, се е во ред, така што Марко набрзо пак ќе го видиме на татамито.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...