И официјално е откажана борбата меѓу Џошуа и Милер

Борбата меѓу Ентони Џошу и Џарел Милер и официјално е откажана.

Њујоршката спортска комисија одби да му издаде лиценца на Американецот за настап откако беше објавено дека падна на допинг тест.

„Големото бебе“ е позитивен на ендоубол, забранета супстанца која помага во топење на масното ткиво, го забрзува закрепнувањето, а истовремено ја подобрува и издржливоста. Тоа му беше втор пад во кариерата на допинг тест.

На 1 јуни во Њујорк требаше да го предизвика ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ шампионот во тешка категорија и да оставри животна заработувачка од 5 милиони долари.

АЏ ќе се бори на 1 јуни. Неговиот промотор Еди Херн рече дека во конкуренција се осум потенцијални противници, но дека нивен фаворит е Луис Ортиз.

Милер го чека наодот од „Б примерокот“, ако тој е негативен може да побара лиценца од комисијата.

print