И Моника Пендаровска и Петар Заборски со сребрени медали Европските универзитетски игри

И Моника Пендаровска (-61 кг) и Петар Заборски (-75 кг) освоија сребрени медали на Европските универзитетски игри за боречки спортови во Загреб, Хрватска, по поразите во финалните борби со Зенира Бектеш и Менсур Џозиќ од Босна и Херцеговина.

Пендаровска е совладана со минимален резултат 0-1, а Заборски со 2-5.

Пред некој час и Сара Радичевска (-50 кг) го освои сребрениот медал, откако во финалето загуби од домашната каратистка Јелена Пехар со 0-2.

Последаната шанса за златен медал ја има машкиот кумите тим против Украина.

Петар Спасеновски, Ангела Мојсовска и женскиот кумите тим освоија бронзени медали.

Резултати
61 кг
Моника Пендаровска – Ива Клепиќ (Босна и Херцеговина) 3-0
Моника Пендаровска – Зејнер Кокбибер (Турција) 8-0
Моника Пендаровска – Ана-Јохана Нилсон (Шведска) 4-1
Моника Пендаровска – Дијана Шостак (Украина) 1-0
Финале
Моника Пендаровска – Зенира Бектеш (Босна и Херцеговина) 0-1

-75 кг
Петар Заборски – Аркадио Гарсија (Шпанија) 3-2
Петар Заборски – Марин Бркиќ (Босна и Херцеговина) 1-1
Петар Заборски – Марко Мартиновиќ (Србија) 1-1
Петар Заборски – Али Ешсиз (Турција) 2-0
Финале
Петар Заборски – Менсур Џозиќ (Босна и Херцеговина) 2-5

Ipon.mk

print