И Минир Реџепи го зварши настапот на Европското првенство за јуниори

 

Минир Реџепи (-57 кг) загуби од Азербејџанецот Алиабас Рзазаде на Европското првенство за јуниори во Рим, Италија.

Реџепи во осминафиналето загуби со 8-4, односно со туш. Сепак, голема штета, бидејќи Минир одлично влезе во борбата и поведе со 2-0, па 3-0, 4-0 и по едно мало невнимание противникот му влезе во нозе и намали на 4-2, односно изедначи. Една таква грешка во втортата рунда беше фатална, бидејќи противникот направи акција и поведе со 4-6, 4-8 и го тушираше.

Претходно неговиот брат Риад Реџепи (-65 кг) беше поразен од Ерменцот Гегхам Галстјан со технички туш, односно 12-1.

Останува настапот уште на Елмедин Сејфулаху во к атегоријата до 61 кг.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...