Иши загуби од Рошолт на ПФЛ настанот, но се пласира за четвртфиналето (ВИДЕО)

Сатоши Иши (22-9-1) е поразен во главната борба на настанот на ПФЛ во Атлантик Сити, но и покрај тоа помина во нокаут фазата на турнирот.

32-годишниот тешкаш изгуби со едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28) од Џаред Рошолт (18-7).

Со овој пораз, Иши ја прекина серијата од седум победи.

Денис Голцов (24-5) и во својот втор настап потврди дека е прв фаворит за освојување на турнирот. Повеќекратниот светски шампион во комбат самбо, откако во првата рунда речиси го нокаутира, во втората го заврши со Езекиел гушење Келвин Тилер (11-3).

28-годишниот Русин во првото коло во првата рунда го нокаутира Џаред Рошолт  и е прв на ранг-листа со 11 поени (6 за нокаут во првата рунда и 5 за завршница во втората рунда).

Поранешниот К-1 борец Бен Едвардс (3-1) по откажувањето на настапот во првото коло против Анте Делија, загуби со едногласна одлука на Френсимар Баросо (24-7-1-1НЦ). 39-годишниот Бразилец, ја обезбеди победата со уривање и доминација во партер, бидејќи 35-годишниот Австралиец првично покажа дека има многу подобар стој.

Карл Сеуманутафа (12-11) е поразен од Али Исаев (6-0) на ист начин како и во првото коло, со едногласна одлука на судиите.

Зеке Туинеи-Вили (3-3) загуби со нокаут во првата рунда од Алекс Николсон (14-8).

„Спартанцот“ го погодија прво со лев среден (мидл кик) удар, а потоа со силен десен директ го срушија и го завршија со два чекани.

Системот на бодување на турнирот е таков што за победата се доделуваат три бода, а доколку борбата заврши без победник, секој борец добива по бод.

Бонус бодови се добиваат за победа во првата (+3), втората (+2) или третата рунда (+1). На пример, ако некој борец победи со прекин во првата рунда добива 6 поени.

Четвртфиналните и полуфиналните мечеви на турнирот се одржуваат во една вечер на настанот на ПФЛ во октомври.

Борбата на Иши-Рошолт е последна во преносот.

ПФЛ 6:
Турнир во тешка категорија:
Џаред Рошолт – Сатоши Иши (едногласна одлука на судиите; 30:27, 29:28, 29:28)
Али  Исаев – Карл Сеуманута (едногласна одлука; 30-27, 30-27, 29-28)
Мухамед ДеРис – Валдрин Истрефи (ТКО, Р1)
Френсимар Баросо – Бен Едвардс (едногласна одлука; 30-27, 29-28, 29-28)
Денис Голцов – Келвин Тилер (завршница, Езекиел давење, Р2)
Алекс Николсон – Зеке Тунеи-Вили (ТКО, Р1)

Турнир во полутешка категорија:
Вини Марахац – Раким Кливленд (завршница, армбар, Р1)
Виктор Немков – Рашид Јусупов (поделена одлука на судиите)
Максим Гришин – Михаил Мохнаткин (КО, Р1)
Емилијано Сорди – Божигит Атаев (КО, Р1)
Џордан Џонсон – Сиги Песалели (едногласна одлука; 30-27, 30-27, 30-27)
Умар Нурмагомедов – Сидемар Хонорио (едногласен судија; 30-27, 30-27, 30-27)

https://www.youtube.com/watch?v=6PwG-Ivynt4

print