Историско финале за Бобан Илиоски на Светското првенство во мај тај (ФОТО)

Уште еден извонреден меч на Бобан Илиоски (-81 кг, Б класа) и пласман во финалето и борба за златниот медал на Светското првенство во мај тај во Канкун, Мексико.

Бобан полуфиналната борба славеше против Мексиканецот Мигел Анхел Падила Роблес со прекин во третата рунда од страна на судијата, до тој момент борбата е нерешена 19-19.

Во финалето за златниот медал ќе се бори со Кинезот Чан Луо.

Димитар Ѓоргиев (-86 кг) загуби од Даниел Илиев од Бугарија 27-30. Но, бидејќи беше слободен во првото коло и директно се бореше во полуфиналето го освои бронзениот медал.

„Бобан победи во трета рунда, откако судијата ја прекина борбата, бидејќи му го затвори окото. Илиоски имаше многу директи во исто место, а целата борбаја контролираше. На 18 мај одиме во финалето. Димитар изгуби. Бугаринот беше физички многу појак, при што во клинчовите доминираше, иако нашиот репрезентативец беше технички подобар и од дистанца поентираше. Сепак, Бугаринот беше поискусен за оваа дисциплина“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Резултати
-81 кг Б класа
Бобан Илиоски – Џондсон Медеирос (Бразил) победа со КО, Р1
Бобан Илиоски – Свон Тарнер (Канада) 29-28
Полуфинале
Бобан Илиоски – Мигел Анхел Падила Роблес (Мексико) 19-19 (со прекин, Р3)

Финале
Бобан Илиоски – Чан Луо (Кина)

-67 кг Б класа
Хадис Рамадани – Џонатан Семинарио (Перу) 27-30

-86 кг Б класа
Димитар Ѓоргиев – Даниел Илиев (Бугарија) 27-30

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...