Историски успех на Тигри на таеквондо турнирот „Омега куп 2018“ (ФОТО)

13-те натпреварувачи на ТКД Тигри на Меѓународниот таеквондо 14.„Омега куп 2018“ во Белград, Србија, освоија 9 медали – 2 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Медалите ги освоија:
1.Александар Петровски, сениори (-58 кг) А класа – златен медал
2.Мила Рељиќ, јуниорки (-68кг) А класа – сребрен медал
3.Ивона Давиткова, јуниорки (-55 кг) А класа – бронзен медал
4.Тамара Младеновска Јуниорки Б класа (-63 кг) – сребрен медал
5.Марко Лазаревски кадети (-33 кг) А класа – бронзен медал
6.Петар Ивановски кадети (+65 кг) Б класа – златен медал
7Андреа Крстиќ (-33 кг) кадетки А класа – бронзен медал
8.Александар Атанасовски, пионери (-27 кг) Б класа – сребрен медал
9.Дарко Стевковски (-57 кг) А класа – бронзен медал.

Учествуваа уште и: Михаиоло Рељиќ, кадети, – 57кг – А класа, Виктор Петковски, кадети -45 кг, Александра Крстиќ кадетки -51кг А класа, Милена Блажевска -44кг, кадетки – Б класа.

„Дури 10 натпреварувачи се бореа во најсилната А класа и за првпат во историјата на клубот успеавме да освоиме и златен медал во сениорска конкуренција. Ова е историски успех за клубот, за првпат учествувавме со толку многу натпреварувачи на меѓународен натпревар и бевме најброен македонски клуб. Ветуваме на успешни резултати и развивање на таеквондо спортот со големата подршка што ја добиваме од градоначалникот на Општина Гази Баба“, вели тренерот Александар Ефтимов.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...