Исмаили славеше против Бугарин, Насуфи во најборбениот пар „Исмет Прапаштица“ (ФОТО)

Боксерот на БК Шкендија но лимит, Лулзим Исамили (-69 кг) го победи претставникот на Бугарија Мухамед Алис со 3-0 на 3.Меѓународниот турнир „Исмет Прапаштица“ во Приштина, Косово.

Алим Насуфи (-75 кг) загуби од Бесарт Карахаси во добра борба и со неговиот противник се прогласени за најборбен пар.

Шпенд Гафури (-60 кг) е поразен од боксер на Косово, Шпетим Бојоку, кој учествуваше на Европското првенство и загуби со 2-1 во изедначен меч. И Алими и Гафури се од БК Чаир.

Петар Арсовски од Аперкат настапи во уводна борба со претставник од Косово. Борбата заврши нерешено.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...