Исак Сулејмани суспендиран 2 години поради напад на судијата Цубалевски

Боксерот на БК Тернипе од Скопје, Исак Сулејмни, е суспендира две години одстрана на раководителот на Првата и Младинската лига на Македонија Илија Младеновски за направениот инцидент во 8.коло во Штип, однонсно го нападна службеното лице судијата Стефан Цубалевски.

Во одлуката на раководителот се вели дека на Сулејмани му е забранет престој, присуство во службениот простор во спортска сала и натпреварување на сите боксерски натпревари во Република Македонија во рок од 2 години, односно до декември 2020 година.

Во образложението се наведува дека на офцијален меч од 8.коло во категоријата до 52 кг меѓу Исак Сулејмни од БК Тернипе и Џан Демиров од БК Баргала во втората рунда од страна на боксерот Сулејмани однонсно го нападнал судијата Стефан Цубалевски.

print

Можеби ќе ви се допадне...