Иранскиот Хулк се закани: Ќе го уништам секој кој ќе ме предизвика во ММА

Сајад Гариби, кој е познат и како „Иранскиот Хулк“, е бесен со бразилскиот хулк Ромарио, затоа што одби да се бори со него.

Пред неколку месеци, Гариби изјави дека влегува во ММА, гласините беа дека ќе дебитираа против Мартин Форд, но тоа не се случи. Неколку месеци подоцнабеше извесно дека Ромарио прифатил борба и двајцатат мутанти ќе се одмерат силите во кафезот. Но, денес, Сајад вели дека бразилската кукавица не сака да се бори со него и дека ќе мора да бара нов противник, но нагласува вели дека ќе ги уништи сите.

„Го прифатив предизвикот на Ромарио – „Бразилскиот Хулк“, но наскоро сфатив дека тој страшливец не сакака да се бори со мене во кафезот. Требаше да се сетам дека тој нема мадиња да се бори со мене. Тврдеше дека сака да ме оттргне од шегите, но тоа очигледно била голема шега.

Сакав да го запознаам во кафезот, за да му ја смачкам главата со ногата. Како и да е,, возбуден сум поради некој добар предизвик. Ќе бидам подготвен за сите што доаѓаат. Секој што ќе се осмели да ме предизвикува ќе го уништам“, порачува Гариби.

https://www.instagram.com/p/B0EHtMfBN4V/?utm_source=ig_embed
print