Ип Мен му го скрши прстот на Мајк Тајсон! (ВИДЕО)

Tajson i Doni Jen

Поранешниот светски шампион во бокс, Мајк Тајсон, го скрши прстот на раката за време на снимањето на филмот „Ип Мен 3“. Филмот се снима во Шангај, со учество на кунг фу ѕвездата Дони Јен.

За време на една сцена, лактот на Јен удрил во еден од прстите на Тајсон. Американецот бил однесен во болница, но пред тоа го довршил снимањето.

„Тајсон е голем професионалец. Знаев дека го поткачив, но немав идеја дека е толку сериозно. Затоа продолживме со снимањето. Жал ми е за тоа“, изјави Јен.

Железниот Мајк се пошегува со новинарите кои го посетија во болницата.

„Вие, момци, прво се грижите дали Јен нема да биде повреден од снимањето на борбени сцени со мене  а сега јас сум жртвата“ , рече Тајсон.Филмот се очекува да биде почне да се проектира во пролетта на 2016 -та.

print