Голема финансиска помош од ИОК за изградба на олимписки центар во Македонија!

Sredba-MOK-IOC-624x511

Голема финансиска помош за изградба на олимписки центар во Македонија му вети претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах, на првиот човек на македонскиот олимпизам, д-р Васил Тупурковски, на едночасовната официјална средба помеѓу двете делегации што се одржа во седиштето на ИОК во Лозана, Швајцарија.

Бах уште еднаш му ја честиташе наградата „Пјер де Кубертен“ на Тупурковски и му се заблагодари за досегашниот придонес, изразувајќи силна верба дека соработката ќе биде уште поблиска и поконкретна.

Во делегацијата на МОК беа и генералниот секретар, д-р Сашо Поповски, како и спортскиот директор Владимир Богоевски, а покрај Бах, ИОК го претставуваше и директорот Пере Миро.

Бах изрази големо задоволство за посветеноста и работата на МОК во насока на унапредување на олимпизмот и спортот во Македонија.

На средбата, беше добиено и ветување од Миро за зголемување и унапредување на олимписките програми, наменети за спортистите и за реедукација на стручниот кадар на националните спортски федерации во Македонија.

print