Иконата на БЏЏ, Релсон Грејси уапсен за трговија со дрога

Едно од најпознатите имиња на Грејси, Релсон Грејси е уапсен синоќа откако превезувал канабис на автопатот што ги поврзувал Рио де Жанеиро и Сао Паоло. Црвениот појас во џиу-џицу се возел во меѓуградски автобус. Поранешниот натпреварувач и сегашен тренер е обвинет за трговија со дрога. Казната за вакво дело е од 5 до 15 години затвор.

Според обајавата на весникот „О Дала“, апсењето се случило во Пиреја, јужно од Рио де Жанеиро. Дрогата била во куфер и е откриена од полициски кучиња.

66-годишниот Релсон е црвен појас во џиу-џицу и поранешен натпреварувач. Ги развива и промовира боречките спортови на Хаваи.

Семејството Грејси се смета за основач на бразилското џиу џицу и отсекогаш биле строги во однос на имиџот на нивните црни појаси – тие не дозволуваат тетоважи на лицето, раста, дебели инструктори и отсекогаш биле против дрогата.

Вториот по големина син на Хелио Грејси, Релсон, има над 140 вале тудо пресметки и останува непоразен со децении. Сепак, односите со татко му не се особено добри. На Хелио не му се допадна тоа што на Релсон се занимаваше со сурфање, сметајќи дека тоа е спорт за неработници.

Како бунтовен тинејџер Релсон не сакал да учи, но бил успешен во спортот. Релсон исто така не се разбира добро и со другите браќа во семејството.

print