Изненадување за Филип Додевски од екипажот на Визер (ВИДЕО)

Освојувачот на бронзениот медал на Европското првенство во таеквондо во У-21 во Хелсинборг, Шведска, Филип Додевски, беше пријатно изненаден од капетанот на авионот и екипажот на Визер на враќањето за Скопје.

На Додевски капетанот официјално му го честиташе уопехот и доби подарок од екипажот.

Имено пилотот му изрази честитка на Филип Додевски за освоеното трето место во такевондо.

„Ти благодарам Филип што така добро не претстави и Македонија на ова првенство, па затоа од екипажот на овој лет ќе си добиеш мал поклон“, рече пилотот на авионот.

Инаку, вечерва во 19 часот во спортската сала на ОУ „Свети Климент Охридски“ во Бутел, каде што тренира со неговиот клуб „Бутел“, ќе има топол пречек за европскиот медалист во олимписки спорт.
Впрочем, погледенте за што станува збор.

Голема благодарност до пилотите и екипажот на Wizz air од денешниот лет Малме-Скопје за честитките и подарокот кој му го доделија на ЕВРОПСКИОТ МЕДАЛИСТ Филип Додевски ! 🇲🇰🔥🦁Се гледаме во 19часот на пречек ❤️За Македонија 🔥

Posted by Darko Kostovski on 2019 m. rugsėjo 9 d., pirmadienis
print