Изборно првенство: Сениорската пресметка на Лирија и Балканец 6-4 во први места, неколку клуба го бојкотираа шампионатот

На Изборното првенство за сениори и кадети во Прилеп пресметката меѓу Лирија и Балканец заврши 6-4 во освоените први места.

Покрај Балканец и Лирија во првите тројца има борачи и од Спартак, Тефејуз, Скопје, Ускана и 7 Мај Леов.

Најмногу бодовои освои Лирија 55, па Балканец, Тефејуз 9, 7 Мај Леов и Спартак по 7, Ускана 6 и Скопје 2.

На турнирот учествуваа 120 борачи од 16 клуба во сениорска и кадетска конкуренција, а првенството помина во одлична организација од страна на 7 Мај Леов од Прилеп.

Додека едни се бореа други го бојкотираа Изборното првенство, па така во Прилеп не се појавија Бучим, Безбедност, Тигар и Олимпија. Овие екипи во исто време во Радовиш одржаа тренинг камп.

Резултати

 Сениори:
57 кг
1.Халид Османи – Лирија
2.Минир Реџепи – Лирија
3.Земри Авдили – Студеничани
3.Мартин Стојановски – 7 Мај Леов

61 кг
1.Владимир Егоров – Балканец
2.Елмедин Сејфулау – Лирија
3.Теодор Темелковски – 7 Мај Леов
3.Маријан Мимичкоски – 7 Мај Леов

65 кг
1.Фати Вејсели – Лирија
2.Мартин Стојанов – Балканец
3.Фуркан Јаја – Лирија
3.Мартин Стојановски – Спартак

70 кг
1.Ријад Реџепи – Лирија
2.Јане Буровски – Балканец
3.Абдулфета Османи – Лирија
3.Ружди Елези – Лирија

74 кг
1.Шаип Брава – Лирија
2.Астрит Исмаили – Лирија
3.Младен Рунчев – Балканец
3.Мето Тасев – Балканец

79  кг
1.Дејан Митров – Балканец
2.Омер Сејфуалу – Лирија
3.Бајрам Хјадари – Тефејуз
3.Леон Трајанов – Спартак

86 кг
1.Халил Зубаиров – Лирија
2.Бујамин Нуиши – Тефејуз
3.Бујар Серани – Скопје
3.Андреј Антов – Спартак

92 кг
1.Бобан Савев – Балканец
2.Мијалче Ананиев – Балканец
3.Буњамин Ејупи – Лирија

97 кг
1.Мики Тодоров – Балканец
2.Виктор Богданов – Балканец
3.Сунаил Алимовски – Ускана
3.Васе Спасов – Балканец

125 кг
1.Рамзан Бакија – Лирија
2.Орхан Имери – Ускана
3.Шукри Асани – Тефејуз
3.Џан Назифов – Балканец

Ipon.mk

print