„Идиот“ го налути Кро Кап: Ако го најдам, ќе му биде помило да тргнал со апостолки на Антарктикот!

Мирко Филиповиќ вчера и откри на навивачите дека е во невообичаен проблем. Еден досетлив бизнисмен го искористил името на хрватската ММА легенда за промовирање на својот производ и објавил измислено интервју со Кро Кап.

Мирко не го крие своето изненадување од ваквиот потег, а се објасни во објавата на својот Фејсбук профил.

„Утрово неколку пријатели ми испратија некаков линк каде што јас сум „дал“ интервју и сум фалел и рекламирал некаков револуционерен препарат бла бла бла. Некој идиот се додетил дека тоа би можело да биде штосно и надоробич сешто. Но што е тука е, не може човек се бори со тоа. Особено во денешно време на социјалните мрежи и безброј интернет портали. Сешто сум доживеал, но дека некој ќе објави измислен разговор со мене, не сум, и во кое јас рекламирам некој производ. Ха, ха, не можеш да веруваш. Но ако дознаам кој е тој е „деловен гениј“ ќе му биде помило да тргнал на експедиција на Антарктикот во апостолки (јапонки), отколку што се направил паметнен и иновативен“, напиша Мирко кој се подготвува за следниот меч во Ризин.

print

Можеби ќе ви се допадне...