Игор Станојоски: Верувам во себе и одам на победа во Дубровник

Игор Станојоски – Шате (0-1) во Дубровник-Хрватска, ќе ја има втората ММА борба на 8 април против домашниот борец Срѓан Маровиќ на Ноќта на Гладијаторите 11.

Станојоски кој неодамна дебитираше во Гeрмaнија вели дека и сега добил тежок противник, но тоа нема да претставува проблем, бидејќи сега е побогат со ММА искуство.

Станојоски е џудист, а неговиот противник кикбоксер и шампион на Хрватска во ММА, така што Игор ќе ја бара својата шанаса на партер, додека Срѓан ќе се обиде да ги искористи вештините со нозете. Од друга страна, искуството е на страната на нашиот борец, а младоста кај Хрватот, како и домашната публика.

„Добро се подготвив, при што добро ги анализирав грешките од првата борба. Верувам во себе и одам на победа“, кратко ни рече Станојоски, оставјќи главниот збор да го каже во кафезот во Дубровник.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...