Иван Викиќ не знаеше дека се бори за појас во Милано, во поразот покажа добра борба

Иван Викиќ ја прекина серијата од три победи на настанот Милано кејџ 6 во Италија против домашниот борец Паоло Зорзи во тешка категорија.

„За жал, изгубив на самиот крај на првата рунда. Влегов без трема и желен за борба, а тоа го докажав така што цело време ја водев борбата. Успеав да му ја отворам аркадата. Со тоа си докажав на себе дека и тој е човек како мене, а не Ѕвер. Не знаев дека оваа борба била шампионскиот појас на нивната организација, а тоа го дознав кога го прогласија победникот, тогаш го донесоа појасот. Така, криво ми е што не знаев дека се борам за појас. Поминаа и многу недозволени удари и добив удар со глава, што до сега не сум го видел никаде. Беше посилен и му честитам“, вели Иван Викиќ, борачот на Балканец, а порано и на Спартак од Кочани.

Вичиќ имаше поддршка од нашинците од Кочани и други места од Македонија и вели дека тоа посебно му значело.

Тренерот на Иван, Саша Михајловиќ е задоволен од она што го покажал неговиот ученик, истакнувајќи дека работел паметно и со срце, иако противникот бил како карпа.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...