Пет медали за Миоки на „Локомотив опен“ во Софија, Дескова со убедлив камбек (ФОТО)

На Меѓународниот џудо турнир „Локомотив опен“ во Софија џудистите на Миоки освоија пет медали – 2 златени, 1 сребрен и 2 бронзени.

Моника Стојковска (-48 кг) и Христина Дескова (-52 кг) настапија во две возрасни групи и освоија златни медали во кадетска и бронзени во сениорска конкуренција, додека Заур Цоков -90 кг) го освои сребрениот медал како сениор.

„Највпечатлив настап имаше Дескова, која по едногодишна пауза импресивно се врати на татамите и на овој турнир до златниот медал стигна со 4 победи со највисокиот поен – ипон“, вели тренерот Игор Паскоски.

На турнирот учествуваа 740 џудисти.

Ipon.mk

 

 

print

Можеби ќе ви се допадне...