Златни медали за Грпов и Радев од Осенсеи на „Трофејот Јахорина Пале“

Осенсеи на големиот Меѓународен џиу џицу турнир „Трофеј Јахорина Пале“ настапи со тројца натпреварувачи и освои со два златни медали.

Златните медали ги освоија Станислав Грпов У16 -46 кг и Димитри Радев У10 -24 кг, додека Стефан Донев У14 -55 кг и покрај добрите борби остана без одличје.
Димитри извојувал три победи, а Станислав две.

На турнирот учествуваа 170 натпреварувачи од повеќе држави.

print