Златен медал за Спасовски на „Брчко опен“!

Taekvondo ace i aleksandar Brcko open

Христијан Спасовски на Меѓународниот таеквондо турнир „Брчко опен“ го освои златниот медал во категоријата до 55 килограми за јуниори. Спасовски е член на Делини Илинден.

„Формата на Спасовски од натпревар во натпревар е во нагорна линија, а потврда за тоа е златниот медал што го освои денес“, ни изјави тренерот Ацо Атанасов.

И вториот натпреварувач на Делини Илинден се закити со медал, односно Давид Костадиноски го освои третото место во категоријата до 68 килограми за јуниори.

„Костадиноски покажува напредок во формата, затоа очекуваме уште поголеми резултати од него“, вели неговиот тренер Александар Велјановски.

На овој турнир учествуваа 280 натпреварувачи од осум земји.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...