Златен медал за Бојан Костов, бронзен за Стефан Стојановиќ на Гран при Кроација

На вчерашните натпревари на Меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ во Самобор, Хрватска, македонските каратисти освоија два медали – Бојан Костов златен и Стефан Стојановиќ бронзен.

Костов на патот до првото место ги совлада: Ѓорги Лакатош 5-0, Роко Думбовиќ 0-0, Табрека Андреи 3-2, Михајло Станиќ 5-0, Михајло Марковиќ 1-0 и во финалето Никита Лишенко од Украина 6-3.

Стојановиќ славеше против Елдар Алиќ 3-3 – со прв освоен поен, над Анте Иваковиќ со 2-0, па против Никола Рогозарски 3-1, а во полуфиналето загуби од Норберт Бартош 0-0. Во борбата за бронзениот медал во репасажот беше подобар од Драго Глухиниќ 1-1.

Денес  утре следуваат главните настани, како и борбите во отворената категорија во сениорска конкуренција за наградата од 2.000 евра.

Медалите ги освоија:

Бојан Костов -52 кг, кадети, Олимпик – златен медал

Стефан Стојановиќ +70 кг, кадети, Макпетрол – бронзен медал

Ipon.mk

print