Златен медал за Адријан Аземи, сребрен за Ајхан Озмен и бронза за Илхан на Купот на нациите во Врбас

Адирјан Аземи го освои златниот медал, а Ајхан Озмен сребрениот на 3.Јуниорски национален куп во Врбас-Србија.

Аземи (+80 кг) славеше во финалето против Гупта Вишал од Индија, додека Ајхан (-66 кг) загуби од Султан Бабаханов од Казахстан. Илхан Озмен (-60 кг) го освои бронзениот медал.

Од нашата репрезентација истакнуваат дека Ајхан Озмен изгубил од казакстанскиот репрезентативец кој е азиски континентален првак и дека ова е големо искуство за него.

Ipon.mk

print