Златан Ибрахимовиќ и се закани на Мек Грегор и Мејведер дека ќе ги претепа

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, во едно од неодамнешните интервјуа изјави дека му е преку глава да ги слуша нападите меѓу Конор Мек Грегор и Флој Мејведер и наместо двајцата да си се закануваат еден на друг, можат да дојдат и да се борат со него.

Непријателството меѓу Мејведер и Мек Грегор започна на шега, но во моментов е на пат да стане реалност, откако и двајцата борци изјавија сериозни намери да ја организираат оваа средба.

Ибрахимовиќ кој има црн појас во таеквондо, сепак, рече дека е досадно постојано да чита за нив двајцата.

„Доста ми оваа драма меѓу Мејведер и Мек Грегор. Ќе биде најдобро за сите да престанат да се навредуваат и да се борат со мене. Да видиме што ќе се случи, но сигурен сум дека и двајцата ќе завршат во болница“.

Исто како Ибрахимовиќ, фудбалерот на Арсенал, Оливие Жиру, исто така на шега го предизвика Мек Гргеор преку видео на Јутјуб.

А Марио Балотели објави фотографија на која се вели дека Мек Грегор не може да биде шампион на шампионите, ако не се спротивстави на кикбоксерот од Италија, Џорџо Петросјан.

print