Звонко Ѓоргиев е избран за претседател на Спартак

 

Синоќа во просториите на Општина Кочани се одржа изборно Собрание на најтрофејниот кочански клуб – БК Спартак.

Бизнисменот Звонко Ѓоргиев едногласно е избран за претседател на Спартак. Тој ги предложи членовите на Управниот одбор кои едногласно беа прифатени од делегатите на Собранието.

Освен Ѓоргиев, УО на Спартак го сочинуваат: Љупчо Стојанов, Игор Христов, Благој Јорданов, Ацо Стојановски, Орце Митров, Тоше Стојановски, Звонко Илиевски, Јорданчо Јанев, Димче Нешев и Бобан Савев.

Во Надзорниот одбор се: Влатко Соколов, Димитар Горгиев и Гоце Ангелов.

Новоизбраниот претседател Звонко Горгиев вети работа без мешање на политиката. Вети дека најпрво ќе ја скенира целокупната состојба во клубот од инфраструктурата до екипата. Но и вети дека ќе настојува, заедно со останатите инволвирани во клубот, да го врати до некаде стариот сјај на Спартак, кој во повеќе од една деценија беше во тотален мрак.

Досегашниот претседател, Јордан Димитров, кој си поднесе оставка и која едногласно е прифатена, пред присутните делегати го презентираше извештајот за шесгодишното управување со клубот.

С.И.

 

print

Можеби ќе ви се допадне...