За Феникс кик по две злата и бронзи на „Сараево опен 2017“ (ФОТО)

На меѓународниот таеквондо турнир „Сараево опен 2017“ екипата на Феникс кик освои два златни и два бронзени медали. 
Во пионерска конкуренција А-класа Лука Ангелов освои бронзен медал со две маестрални победи со технички нокаут (првата борба 71-3; втора борба 27-7) и пораз во полуфиналето (21-17).

Во Б-класа златен медал освои Дамјан Василевски – пионер ( 2010-2011година) и Марко Грујоски (пионер), додека со бронза се закити Димитар Ристов (пионер).
„Натпреварувачката сезона за оваа година е завршена. Задоволни сме од постигнатите успеси во оваа година. Од февруари ни започнува новата натпреварувачка сезона на која поставуваме нови цели за успеси“, велат од ТКД Феникс кик.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...