За европскиот првак Бесир Алили еден милион денари од Агенцијата за млади и спорт

Агенција за млади и спорт ќе го награди новиот европски првак во борење Бесир Алили со еден милион денари, од кои 800 илјади денари ќе бидат за европскиот шампион, а 200.000 за тренерот.

Ова го соопшти директорот на АМС, Дарко Каевски, на денешниот прием и прес-конференција во чест на Алили. Но, ова за да биде релевантно, Каевски прво ќе му го предложи на Советот за спорт при АМС кој ќе треба да го увсои предлогот.

„Бесир е дел од програмата на АМС за млади спортски надежи, преку која се поддржува нивниот настап на големи натпреварувања како ова Европско првенство. Во наредниот период очекувам Бесир да продолжи да тренира напорно и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња на македонското борење“, изјави Каевски.

Алили денеска беше на прием и кај градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Градоначалникот најави дека на наредната седница на Советот на Град Скопје ќе достави предлог да му се додели парична награда на Алили и на неговиот кулб „Лирија“.

Бесир Алили на Европското првенство во борење за кадети Фиренца, Италија, го освои златниот медал
Каевски му честиташе за освојувањето на златниот медал и потенцираше дека спортот уште еднаш покажал дека ја обединил нацијата. 
„Му честитам на младиот Бесир за овој голем успех, кој долго време се чекаше. Со освојувањето на златниот медал, успеа да ја обедини целата нација, без разлика на раса, боја и етникум. Вчера на пречекот сите славеа и се радуваа на овој голем успех. Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да продолжи да тренира напорно, да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња како Шабан Трстена, Шабан Сејдиу, Зоран Шоров, Ристо Дарлев, Чедо Николовски, Влатко Соколов, Могамед Ибрагимов, Киро Ристов и голем број други борачи кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава“, рече Каевски.
Алили, во својата изјава и се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и додаде дека зборовите на Каевски ќе му претставуваат дополнителен мотив за тренинг и за зацртаната цел, која си ја поставил пред себе, а тоа е учество на Олимписките игри и освојување на медал

Претсдеателот на БК Лирија Имер Кадриоски нагласи дека полека се оставруваат плановите на ова раководство на ФБСМ, а дека има некои луѓе кои и штетат на работата  на раководството.

Ipon.mk

print