За дебито во ММА Мејведер ќе заработи 90 милиони долари

Флојд Мејведер може да заработи 88 милиони долари од неговата деби борба во ММА на настанот на Ризин за Нова година со 20-годишниот јапонски кикбоксер Теншин Насукава, пренесе Токио спортс.

За неговото учество во овој меч Мејведер ќе добие надомест од 7 милијарди јени, околу 61,8 милиони долари. Од правата за емитување на средбата, Флојд ќе заработи уште 3 милијарди јени (26,5 милиони долари). Правилата на средбата меѓу него и Јапонецот се уште не се воспоставени.

Мечовите ќе се одржат во „Саитама супер арена“, која е со капацитет од 37.000 гледачи.

На професионалниот боксерски ринг во боксот Мејведер има 50 победи (27 со нокаут) и е без пораз. Во својата последна борба во јули минатата година (според правилата на бокспт) тој го победи ММА борецот Конор Мек Грегор со технички нокаут во десетата рунда.

Неговиот претстоен ривал, Теншин Насукава, има четири победи во ММА.

Во последно време се зборуваше за можен судир меѓу Мејведер и носителот на појасот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, но раководството на УФЦ го демантира тоа и се категорични дека слична борба може да се одржи, но само по правилата на ММА.

print

Можеби ќе ви се допадне...