За Безбедност четири медали, два за 7 Мај Тигар на Президент купот во Белград

На меѓународниот турнир во борење „Президент куп“ во Белград ПБК Безбедност освои три сребрени и еден бронзен медал.

Бојана Лазаревска, Емилија Илијевска и Олгица Коцева се закитија со сребрени медали во женско борење, додека Марко Андонов го освои бронзениот медал.

Додека пак ПКБС „7 Мај Тигар“ освои 2 бронзени медала. Медалите ги освоија близначките Леона и Теона Топаловски.

„Постигнатите резултати се респектабилни, бидејки се освоени во голема и квалитетна конкуренција со учество на околу 250 спортисти од повеќе земји. Покрај тоа, како и овој и учеството на сите досегашни турнири ги финансиравме ние. Претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија Бетим Вренези со неколку луѓе ги опструират сите програмски активности на овие проекти од национален карактер и воедно националните тренери немаат доставено Годишни програма. Исто така, нема податок со име и презиме кои се тренери на репрезентациите во женско борење во У-13 и У-15“, вели тренерот Страшо Глигоров.

Ipon.mk

print