Заеднички тренинг на аспирантите за таеквондо репрезентацијата (ФОТО)

Денеска Македонската таеквондо федерација (МТФ) организираше заеднички тренинг за сите натпреварувачи (мажи) во сите старосни категории.

На тренингот МТФ ги поканила сите клубови членки кои имаат за цел да партиципираат во пионерскиот, кадетскиот, јуниорскиот и сениорскиот национален тим.
На тренингот присуствуваа натпреварувачи од следните клубови:
Годел, Корио, Кобра, Борец, Делини (Анастасов академија), Хваранг Фист, Бутел и Илинден 2014.

Следниот викенд МТФ ќе одржи ист ваков тренинг со потенцијалните конкурентки за националниот тим.
Според МТФ, овие тренинзи се од големо значење за напредокот на македонското таеквондо.

print