Спасеновски, Идризи и Неделковски ќе се борат за златни, со шанси е и Заборски, сребро за Смилковски, бронзи за Мојсовска и Петков на Гран при Кроација

Каратистите од македонските клубови денеска имаа добар настап на Меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ во Самобор, Хрватска, освојувајќи повеќе медали. Петар Заборски во конкуренција на 45 натпреварувачи се пласира во фајнал – фор во сениоркса конкуренција и утре ќе се бори за една од вредните награди. За златни медали вечерва се Абдурахим Идризи и Петар Спасеновски во У-21, како и Александар Неделковски во кати за сениори. Сребрен медал освои Столе Смилковски, а Глигор Петков и Англеа Мојсовска бронзи, но тоа не е се…  

 

Смилковски во финалето загуби од Алфио Квачеци 0-2, а претходно славеше против Павел Дујковиќ 3-2, Максим Падолски 3-0, Микита Шилоносов 0-0 и Мартин Златев 2-0.

Петков славеше над Томислав Катиќ 2-0, Душан Јеловац 2-0, а загуби од Коса Томаш 1-0. Во репасажот беше подобар од Дмитри Чернов и за бронзата од Никола Рогозарски од Израел 3-3.

Денес  утре следуваат главните настани, како и борбите во отворената категорија во сениорска конкуренција за наградата од 2.000 евра.

Медалите ги освоија:

Јуниори

Столе Смилковски -61 кг, Олимпик – сребрен медал

Глигор Петков +76 кг, Макпетрол – бронзен медал

Ангела Мојсовска – бронза

Вчера

Бојан Костов -52 кг, кадети, Олимпик – златен медал

Стефан Стојановиќ +70 кг, кадети, Макпетрол – бронзен медал

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...