Жорж Сент Пјер: Борба со Хабиб е добра за мојата историја, затоа што тој е најдобриот во светот

Легендарниот поранешен шампион на две категории, Жорж Сент Пјер, официјално, пред неколку месеци, се повлече од ММА, но тоа не го спречува да зборува за неговата толку посакувана борба со Хабиб Нурмагомедов. Неколку месеци меѓу нив се водеа преговори за договор, но Дана Вајт на крајот не успеа, бидејќи мислеше дека „Раш“ прво треба да се бори со предизвикувач во лесна категорија.

Тоа го загрижи ЖСП и ја заврши кариерате со серија од 13 последователни победи и скор 26-2 во ММА. Неколку месеци подоцна, Жорж уште еднаш зборуваше за меч со Хабиб и истакнувајќи дека е подготвен да се врати во кафезот да се бори со него.

„Ако морам да изберам противник, тогаш би ја одбрал најлесната битка и ќе си заминам со 50 милиони долари. Но, ако сакам борба за мојата историја, тогаш Хабиб е човекот за тоа. За мене, во моментов тој е најдобар во светот. Хабиб е без пораз и досега не покажа никакви слабости. Никој не бил блиску до решавање на оваа загатка, па јас сум многу заинтересиран“.

Во септември, Хабиб ќе се бори против Дастин Пориер во Абу Даби и мора да победи, бидејќи во спротивно ќе го изгуби вниманието на ЖСП. Хабиб е во серија од 27 последователни победи и се уште нема пораз. Жорж, последен пат влезе во кафезот во 2017 година и го победи Мајкл Биспинг, победа со која  стана шампион во средна категорија.

print