Жозе Алдо сака борба против Македонецот Волкановски

Жозе Алдо има желба за следниот противник и мора да признае дека со неа покажува голема храброст и амбиција. Поранешниот шампион во перолесна категорија би сакал да се бори против еден од главните кандидати за напад на титулата, Македонецот Александар Волкановски, кој живее во Австралија.

Нешто повеќе за ова речетренерот на Алдо, Андре Педернеирас, во разговорот за еден бразилски медиум. Мотивирани од брилијантната победа на Алдо против Ренато Моикано, од бразилскиот тим сакаат така да продолжат. И не мислат да се штедат на некои полесни противници. Веќе се спомнуваше можна битка против Брајан Ортега, но изгледа дека не се заинтересирани за борецот кој неодамна загуби. Ги интересира само изгледен кандидат за напад на титулата.

„Би сакале Алдо да се бориме против Александра Волкановски, борец кој го нокаутира Чад Мендез и борец кој е најдобро рангиран. Имаме сон да стигнеме до титулата со последната битка на Алдо, што е тешко. Но, ова е патот како можеме да го исполниме тој сон“, рече Педернеирас, потврдувајќи дека Алдо до пензионирањето планира да направи само две борби. Тоа би значело дека со идната мора да се избори за напад на титулата. Така што има план да го направи тоа. Всушност, рече дека постојат две можности за Алдо да се пензионира со шампионска титула:

„Постојат две опции за Алдо да ја освои титулата. Првата е Макс Холовеј да ја напушти категоријата и шампионскиот појас, а тогаш Алдо би бил неквалификуван кандидат за да се бори за титулата. Гледајќи во историјата која ја има и на моменталниот ранкинг, би бил сигурен. Втората е да го елиминира сите потенцијални предизвикувачи. Моикано беше првиот од нив, Волкановки би бил идниот. Оставнува уште Френки Едгар, но не верувам дека на него ќе му даде борба за титулата, бидејќи ја загуби од Алдо. Оној кого ние го гледаме како следен предизвикувач е Волкановски“.

Што се однесува за можната борба против Конор Мек Грегор, Педернеирас не верува дека такво нешто ќе се случи. Едноставно смета дека таква борба на Конор Мек Грегор не му игра апсолутно никаква улога, иако овој изрази желба да се бори во Бразил. Кога би се борел таму, тоа сигурно нема да биде против Алдо.

„Конор изгради приказна на Твитер велејќи дека сака да се бори тука во Бразил, сугерирајќи дека би се борел против Алдо. Но, не гледам на тоа како на нешто што може да се случи. Не му е вреден тој ризик. Што може да направи подобро од нокаут за 13 секунди? Мислам дека тоа не е борбата што го интересира него“, отворено призна „Деде“.

Алдо изрази желба да се бори во мај, на настанот на УФЦ 227 во Бразил. Ако УФЦ му најде соодветен противник, а тој и неговиот тим го прифатат, тоа е сосема можно. А Волкановски самиот изјави дека нема ништо против тоа да се бори со поранешен шампион.

print