Живковиќ го оствари својот сон: Во родниот Ниш ја освои титулата првак на Европа!

Živkovic Stevan FFC 16

ФФЦ-овецот Стеван Живковиќ во петокот во родниот град Ниш ја освои титулата на шампион на Европа! Живковиќ во четири рунди на поени го победи Шпанецот Ангел Валдивиесо. 

Судиите го бодуваа мечот 48:48, 50:48 и 49:48 во корист на Стеван.

Салата Чаир беше преполна со навивачи на Стеван, кои го бодера до победата, пренесува Нишки вести.

„Ви благодарам на сите што вечерва сте овде, му благодарам на мојот тим! Ова е мојот сон, го остварив! Се гледаме следната година на ова место и во борбата за светската титула“!- се обрати Живковиќ на насобраните обожаватели.

 Živkovic Stevan

print

Можеби ќе ви се допадне...