Жетва на медали на таеквондо репрезентацијата на Балканското првенство во Букурешт (ФОТО)

На првиот ден од Балканско првенство во таеквондо во Букурешт, Романија, макеоднските репрезентативци освоија 11 медали – 2 златни и 1 сребрен во сениорска конкуренција, 1 сребрен во јуниорска и 5 бронзи, 1 сребрен во кадетска и 1 бронза во пионерска.


Златени медали освоија сениорите Марко Стевиќ (-87кг) со три победи, со што по втор пат стана балкански шампион и Костадин Георгиевски (-74 кг) со две победи.


Анамарија Георгиевска (сениор, -59 кг) се закити со сребрен медал со три победи, како и Фросина Раевска (кадет, -37 кг) со три победи.


На ова треба да се додадат уште 5 бронзи кај јуниорите и едно сребро, како и една бронза кај пионерите.

Медалите ги освоија:
сенирори
златни
-Марко Стевиќ со три победи втор пат балкански сениорски шампион.(ТК БУТЕЛ)
-Костадин Георгиевски со две победи(ТК БУТЕЛ)
сребрени
-Анамарија Георгиевска(ТК БУТЕЛ)

јуниори
-Елена Трајановска(ТК ГОДЕЛ)
бронзени
-Василија Јовчевски(ТК ХВАРАНГ ФИСТ ОХРИД)
-Ивона Давиткова(ТК ТИГРИ)
-Милијана Релиќ(ТК ТИГРИ)
-Викторија Радомировска(ТК КОБРА)
Кадети
сребрени
-Фросина Раевска – сребрен (ТК БУТЕЛ)
бронзени
-Јана Георгиева(ТК КОБРА)
-Јана Георгиева(ТК КОБРА)
пионери
бронзени
-Ангеловски Александар (ТК КОРИО)

„Ова е досега убедливо најуспешниот ден за македонското таеквондо на едно Балканско првенство, тоа е сигурниот показател за големиот и брз раст на нашето олимписко таеквондо“, велат од МТФ..

 

print

Можеби ќе ви се допадне...