Женскиот ката тим прв, машкиот втор на Балканскиот шампионат во Дубровник

Кадетско-јуниорските тимови на Македонија во кати освоија златен и сребрен медал. Златото го освои женскиот тим, а среброто машкиот.

Македонија во вкупниот пласман по освоени медали е трета со18 медали – 6 златни, 3 сребрени и 9 бронзени. Прва е Србија со 36 медали (14-5-17), а втора Турција 25 (10-5-11).

Женскиот состаv на Македонија во кати го освои првото место во кадетско јуниорска конкуренција совладувајќи ја во финалето репрезентацијата на Црна Гора 4-1. Мажите во оваа конкуренција се втори кои во финалето загубија од Турција 0-5.

Резултати
Кати кадети-јуниори жени
Македонија – Турција 3-2
Финале
Македонија – Црна Гора 4-1

Кати кадети-јуниори мажи
Македонија – Словенија 4-1
Македонија – Црна Гора 3-2
Финале
Макеоднија – Турција 0-5

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...