Жарко Арсовски со три победи и Мартин Несторовски со две на Премиер лигата

Тешкашите ја потврдија константноста во настапите, па така на вториот натпреварувачки ден од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул Жарко Арсовски забележа три победи, а Мартин Несторовски две во категоријата над 84 килограми.

Сашко Патраклиев и Ангела Мојсаовска имаа по една победа, а останатите наши натпреварувачи се поразени во првите настапи. Берат Јакупи беше пријавен дека ќе настапи, но не беше жребуван. Нејверојатно не отпатувал за Истанбул. Инаку Јакупи во Лајпциг беше најдобро пласиран македонски каратист на петото место.

Виктор Крстевски може да добие шанса во репасажот ако Мартина го повлече докрај, засега има објективни шанси.

Во ова коло најдобар пласман забележа Симона Заборска во категоријата до 55 килограми е седмопласирана. Таа забележа четири победи, односно 3+1, бидејќи еднаш славеше во репасажот.

Резултати

-84 кг – 120
Петар Спасеновски (Металург) – Кахан Фатихан Акгун Турција) 1-2
Виктор Крстевски (Металург) – Микеле Мартина (Италија) 0-7
Сашко Патраклиев (Македонка) – Буда Хонинг (Унгарија) 8-3
Сашко Патраклиев (Македонка) – Меисам Рашванд (Иран) 3-11
Емир Ќосовиќ (Металург) – Бријан Тимерманс (Холандија) 0-8

+84 кг – 96
Мартин Несторовски (Металург) – Иван Клепиќ (БиХ) 2-0
Мартин Несторовски (Металург) – Богдан Трикос (Србија) 2-0
Мартин Несторовски (Металург) – Херолинд Нишевци (Косово) 0-2
Жарко Арсовски (Штип) – Чаѓатај Бајрактароглу (Турција) 7-3
Жарко Арсовски (Штип) – Дорде Тесановиќ (Србија) 1-1
Жарко Арсовски (Штип) – Себастијан Брајиќ (Шведска) 1-0
Жарко Арсовски (Штип) – Асиман Гурбанли (Азребејџан) 3-4
Семир Ќосовиќ (Металург) – Слободан Битевиќ (Србија) 0-2

50 кг – 64
Сара Радичевска (Макпетрол) – Јамаика Кујпер (Холандија) 1-2

68 кг – 65
Моника Стефановска (Макпетрол) – Мирослава Копнува (Словачка) 2-6
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Дора Цагани (Унгарија) 2-1
Ангела Мојсовска (Макпетрол) – Мизуки Кикучи (Јапонија) 2-3

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...