Жаирзињо Розенструик: Ќе го нокаутирам Нгану

Жаирзињо Розенструик верува дека тој ќе биде првиот борец што ќе го нокаутира Френсис Нгану. Тие ќе се сретнат на крајот на март во главната борба на УФЦ на ЕСПН 8. И двајцата бркаат борба за титулата, а победникот многу веројатно ќе добие шанса. Она што е заедничко за Розенструик и Нгану е дека брзо се кренаа во организацијата благодарение на нивните брутални нокаути.

Сега нокаут момци ќе се обидат да си ја искинат главата во Охајо. Жаирзињо и Френсис сè уште немаат порази со нокаут во ММА и шансите да гледаат нокаут-натпревар се големи. Розенструик сподели на социјалните мрежи дека ќе биде првиот што ќе го препитоми моќниот Камерунец во кафезот:

„Јас ќе бидам првиот што ќе го нокаутирам Нгану“.

print