Ердал Факиќ: За претседател на Самбо балканската федерација сум избран и со гласот на Грција!

Erdal dodeluvanje nagrada

Ердал Факиќ во петокот на Конгресот Самбо балканската федерација (СБФ) во Истанбул, Турција, беше избран за претседател СБФ.

Ова е големо признание за претседателот Самбо федерацијата на Македонија и основоположникот на самбо борењето во нашата земја. Од друга страна, нашите спортски работници ретко доаѓаат на високи функции во меѓународните организации.

Факиќ на позицијата претседател СБФ го наследи Ѓорги Јусев од Бугарија, а потпретседател беше Никола Дисовиќ од Србија.

Erdal ja prima nagradata TV

„Федрацијата беше во мирување и требаше да се прават реформи. Со оглед на околностите, претставниците на Турција и Бугарија ме замолија да ја прифатам нивната кандидатура. На почетокот не ја прифатив нивната понуда. Но, тие беа ескплицитни, така што морав да ја прифатам понудата“, објаснува новиот претседател на СБФ, Ердал Факиќ, како станал прв човек на Балканската федерација.

Занејќи дека и Грција е членка на Федерацијата, се очекуваше нивно спротивставување на предлогот Факиќ да го води балканското самбо.

„Немаше никакви проблеми од страна на грчката делгација. Со нив сме во добри односи, така што не ја расипаа одлуката на останатите осум земји. Едногласно бев избран. Сепак, ние смс спортисти, а не политичари“, вели Факиќ.

Новиот претседател на Самбо балканската федерцаија си има поставено повеќе цели кои требада ги оставри во четиригодишниот мандат.

„Како прво, Федрацијата да застане на здрави нозе, потоа да се организираат кампови, семинари. Едоставно, да ја оживееме СБФ. Досега имаше само едно Балканско првенство, и тоа с еодржуваше во Заечар, Србија. Всушност, и на мене тоа ќе миде стартна приредба на 9 септември. Сакаме да организираме балкански првенства и во сала и на песок, по предлог на Турција и Бугарија, и тоа во јуни или јули на море. Договорена е средба на репрезентациите на Македонија и Бугарија во комбат самбо, со што сакаме да го развиваме овој спорт и во нашата земја, но и на СБФ“, истакнува Факиќ.

Erdal ma turskoto prvenstyvo

 Во Турција посебно внимание се посветува на боречките спортови, така што само може да претпоставуваме каков бил односот спрема новио претседател на Балканската федерација.

„Посебен впечаток ми остави нивната организација. За мене беше обезбедена посебна лимузина со придружба. Сместување на највисоко ниво хотелот „Хилтон“ со специјално обезбедување за мене. Тие цело време беа коситмиране и уредени. Не дозволуваа вратата да ја отворам, дали била на автомобилот дали на собата од хотелот. Многу големо внимание на Конгресот и на изборот на претседател посветија и медиумите. Беа пристутни сите турски медиуми, за кои дававав изјава“, раскажува со доза на возбуда Ердал.

И Македонија ќе има бенифит од неговото претседалствевување, односно Самбо федерацијата на Македонија и самбото.

„Нашата цел е да обезбедиме бесплатни настапи на нашите селекции на балканските шампионати, но и на другите меѓународни приредби. Потоа да организираме кампови и да го равзиваме самбото и во Македонија и на Балканот“, потенцира Факиќ.

Тој истакнува дека финасирањето на Федерацијата го презема Турција, која ќе бара јаки спонзори.

Во исто време во Истанбул се одржа и самбо семинар на кој имаше инструктури од Македонија, Бугарија и Романија, а Факиќ беше претставникот на нашата земја. Тој одржал двочасовен тренинг.

Fakic dobiva priznanie

Од друга страна, Факиќ од СБФ го доби признието најдобар тренер на Балканот.

„За краток период Македонија направи добри успеси. Од останатите федерации од порано ја следеле мојата работа, додека посебен впечаток и оставила изведбата на техниките. Имав чест признанието да ми го предаде претседателот на Турската федерација, Гајдар Мамадов, која е признание и за спорстко самбо и за комбат“, истакнува Факиќ.

Покрај Факиќ на Конгресот во Истанбул учествуваше и членовите на Управниот одбор на СФМ, Перо Спиров и Емса Дедеиќ.

 Ipon.mk/В. Донев

print

Можеби ќе ви се допадне...