Ентони Џошуа пред зделка со промоторот од која боли глава

Светскиот шампион на три од четирите федерации во тешка категорија Ентони Џошуа (21-0, 20 КО) е пред потпишување на мега договор со промоутeрската компанија „Мечрум“, пишува „Сан“. Според објавата, на Џошуа ќему бидат загарантирани неверојатни 100 милиони фунти за следните три натпревари, како и рокот на договорот.

Сегашното договор на Џошуа со Еди Херн истекува во ноември и по се изгледа дека двоецот ќе ја продолжи одличната интеракција. Џошуа заработи 18 милиони фунти на последниот меч против Џозеф Паркер, но чекот за евентуалната пресметка со Дионтеј Вајлдер може да биде дури три пати поголем.

„Мечрум“ може да си дозволи да одвои 100 милиони за „златната кокошка“ во тешка категорија, бидејќи неодамна потпиша договор за баслосновни 1 милијарда фунти со спортската компанија за онлајн емитување DAZN, чиј буџет за боксот е поголем од американските ТВ гиганти ХБО и Шоутајм заедно.

print

Можеби ќе ви се допадне...