Ентони Џошуа: Наскоро ќе има официјални новини

Светскиот шампион во тешка категорија во верзиите на ВБА и ИБФ Ентони Џошуа вети дека наскоро ќе го објави следниот дуел.

„Наскоро ќе имам официјални вести“, напиша британскиот боксер на Твитер профилот.

Најверојатно Џошуа ќе ја одржи реванш средбата со поранешниот светски шампион Владимир Кличко. Се очекува дека мечот ќе се одржи на 11 ноември во Лас Вегас.

На 29 април Џошуа го победи со нокаут Кличко во Лондон. Украинецот има право на реванш, но се уште не е објавил својата одлука.

Ето така тренира Антъни Джошуа за бързина и реакция!https://www.sportal.bg/news.php?news=676997

Geplaatst door Sportal.bg op maandag 31 juli 2017

.

print

Можеби ќе ви се допадне...