Енди Руиз: Пак ќе ви ги затворам устите во декември

Шампионот во тешка категорија Енди Руиз во декекмври по втор пат е подготвен да и ја затвори устата на неговите критичари. Пред неколку месеци се согласи за кратко време од известувањето се согласи да се бори против Ентони Џошуа кој беше непоразен шампион и голем фаворит на мешот. Тогаш сите се забавуваа со Руиз за неговата физичка подготвеност, но тој влезе во борбата и го нокаутира Џошуа, притоа 4 пати го праќаше во нокдаун и го нокаутира со што симнха од тронот во тешка категорија.

„Уништувачот“ стана првиот шампион во тешка категорија од Мексико, но луѓето продолжуваат да го отпишуваат. Руиз не е задоволен од ова и се заколна дека по неколку месеци во втората битка тој ќе и ја затвори устата на сите. Енди тренираше напорно за да биде полесен на 7 декември во Саудиска Арабија и верува дека ќе може да ги одбрани титулите против Е.Џ.

„Имам голема почит спрема Ентони, кој е добар човек надвор од рингот. Сепак, нема пријатели, почит и такви работи во рингот. Ќе бидам во подобра форма во декември. Ќе бидам полесен, побрз и посилен. Секој ќе верува во ова во декември.

Луѓето секогаш ќе зборуваат, но верувам дека повторно ќе и ги затворам устите. Целта ми е да бидам 116 килограми. Сакам малку да ја намалам килажата, за да се чувствувам пријатно. Во првата битка бев 121 кило и бев тежок, но тоа беше целта, затоа што сакав да бидам посилен“, рече Руиз.

https://www.instagram.com/p/B3fG-mwl2Ay/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix
print