Емил Павлов шампион на Премиер лигата во Москва

Емил Павлов (-60 кг) славеше со 3-1 е во финалето на Карате 1 Премиер лигата во Москва, против Турчинот Ерај и го освои златниот медал. Подолго време на некој наш каратист не му успеало да освои златен медал на Премиер лигата.

Со оваа победа Емил ја врати самодовербата за големи резултати, па ако продолжи со овој ритам може да се надева дека ќе обезбеди норма за Олимписките игри во Токио 2020 година.

Во петокот Павлов совлада имиња како како Даглас Бросе Калвис Калинис и Анџело Крешченцо, кои се светски прваци.

Резултати
60 кг
Емил Павлов – Ласло Андраш (Унгарија) 4-1
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 6-0
Емил Павлов – Калвис Калинис (Латвија) 5-3
Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 2-0
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 1-0
Финале
Емил Павлов – Ерај Самдан (Турција) 3-1

print