Емил Павлов: Освоив медал и ја остварив целта и покрај напорниот пат со автобусот (ФОТО)

Emil se smeska so medalot na EP 2016

Емил Павлов на Европското карате првенство за сениори во Монпелје-Франција, го совои бронзениот медал во категоријата до 60 килограми и ја продолжи традицијата на освојување на медали од Европските шампионати. Ова е втор медал на Павлов од КК Штип  откако пред две години стана европски шампион, а 11 за Македонија.

Emil na piedestal na ER 2016

По една година пауза повторно освојуваш медал на ЕП, не е оној најсјаниот, сепка е голем успех за тебе. Како влезе во оваа одлучувачка борба?Emil i Pece

-Патот до медалот беше доста тежок, но јас отпатував максимално подготвен за овој предизвик. Мојата врвна форма ја потврдив усте на самиот старт, бидејќи убедливо ги победив, најправо Романецот во првото коло 8-0, а во второто Полјакот 9-1, додека  во 3.коло се сретнав со незгодниот Турчин. Имав водство до самиот крај, но противникот успеа да ми зеде три поени наеднаш и да ме победи. Тој влезе во финалето, а јас имав уште една шанса да се борам за медал. Во репасажот победив 2-0 против репрезентативецот на Франција и во одлучувачката борба за бронзата го победив Латвиецот со минимален резултат 1-0.

Дали бронзениот медал е обврска и за медал од Светското првенство во Австрија?

-Па, мојата цел за оваа година беше Европското првенство! Освоив медал и ја остварив целта. Моја голема цел е и Светското првенство. Ќе се подготвам уште од сега и се надевам дека и оттаму ќе се вратам со медал.

Emil so maicite na EP 2016

Дали уморот од патот влијаеше на настапите?

Беше напорно да се патува со автобусот! Можеби кај некои од другите репрезентативци тоа се осети, но лично мене патот не ме умори. Бев максимално подготвен за настап.

Моментот на прогласувањето на победниците во категоријата до 60 килограми е на 52:30 минути.

Патот до медалот:

Емил Јанчу од Романија 8-0

Павел Пучиловски од Полска 9-1

Ајкут Каја од Турција 3-5.

репасаж Софијан Агуџил од Франција 2-0

за бронза Калвис Калнинс од Летонија 1-0 

Ipon.mk/В. Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...