Емил Павлов и Ангела Мојсовска најдобри сениори, Вероника Костовска и Петар Спасеновски во У-21 за 2018 година

Емил Павлов во машка и Ангела Мојсовска во женска конкуренција се најдобрите каратисти за 2018 година во изборот на Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Во кати сениори најдобри се Пуликсенија Јовановска и Ферри Исиќ.

Во конкуренција на помлади сениори најуспешни се Вероника Костовска и Петар Спасеноски во борби, Матеја Талеска и Јован Васиќ во кати.

Најдобри јуниори се Владанка Аврамова и Александар Неделковски (кати) и Маја Милева и Фаик Весели (борби).

Додека Јована Начевска и Кристијан Бајовски (кати) и Магдалена Божиновска и Марио Свинарски (кумите) се најдобрите кадети.

Најдобра клуб во сениорска конкуренција е КК Штип, а во младинска конкуренција е КК Олимпик спорт 2007 од Скопје.

Најдобар тренер во сениорска конкуренција е Сашо Арсовски од КК Штип, а за најуспешен тренер во младинска категорија е прогласен Александар Кузмановски од КК Олимпик.

print