Емил Павлов: Бев желен за победа и за докажување со најдобрите каратисти – триумфот ми дава надеж за олимписка норма!

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов (-60 кг) уште еднаш ја дигна нацијата на нозе и направи да се чувствува гордо по супериорниот триумф на Карате 1 Премиер лигата во Москва. Павлов во финалето го победи Ерај Самдан од Турција со 3-1.

Акцијата во која Емил изреагира правовремено му донесе три поени и сигурна победа, иако турскиот репрезентативец до карјот се обидуваше да го надополни изгубеното, но Павлов беше сигурен и трактички мудро ја прведе борбата до крај, што значеше и освојување на златниот медал и зголемување на шансите за остварување на норма за  Олимпијадата во Токио 2020 година.

Во петокот Павлов совлада имиња како како Даглас Бросе Калвис Калинис и Анџело Крешченцо, кои се светски прваци.

Во продолжение проследете го ексклузивното интервју со Павлов.

Ваше видување на финалето?

-Финалето го одлучи еден момент, каде во исто време поентиравме и двајцата, при што Турчинот доби еден, а јас три поени. Потоа тактичи добро го довршив мечот и го зачував водството и го добив финалето.

Дали имаше притисок, од една страна по подолго време наш каратист е во финале на Премиер лигата, а од друга страна, претходниот сите други наши каратисти изгубија во првото коло?

-Јас лично чувствувам притисок пред секој голем натпревар, бидејќи како еден од поуспешните каратисти секогаш погледите се свртени кон мене, но овој пат пред првенството бев многу опуштен и желен за докажување, на крајот тоа резултираше со златен медал.

Првиот настап во Премиер лиги дојде по летните одмори и помина лошо, на вториот настап во Москва го видовме Емил во шампионско издание победувајќи светски прваци. Што беше пресудно за стабилните и ефектни настапи?

-Пресудно беше тоа што после неколку порази бев желен за победа и желбата за докажување со најдобрите каратисти. И, на крај, тоа се исплати.

Може ли да се задржи ова темпо и да се избори норма за Олмписките игри во Токио 2020 година преку настапите во Премиер лигата?

-Па, искрено, се надевам дека ќе можам да го издржам ова  темпо, бидејќи Олимпијадата е мојата најголема цел во кариерата, затоа и тренирам макотрпно. И по еден ваков резултат и победа против најдобрите, искрено, ми дава голема надеж дека можам да обезбедам норма.

Кои се твоите следни настапи?

-Следениот настап е на Премиер лигата на 30 ноември во Марид, Шпанија.

Резултати
60 кг
Емил Павлов – Ласло Андраш (Унгарија) 4-1
Емил Павлов – Матијас Гомез (Шпанија) 6-0
Емил Павлов – Калвис Калинис (Латвија) 5-3
Емил Павлов – Даглас Бросе (Бразил) 2-0
Емил Павлов – Анџело Крешченцо (Италија) 1-0
Финале
Емил Павлов – Ерај Самдан (Турција) 3-1

Ipon.mk/В.Д.

print