Емилијаненко: Дана Вајт мора да научи да ги почитува луѓето! (ВИДЕО)

Fedor

Федор Емилијаненко минатите денови гостуваше во Дубаи, каде што одржа семинар.

Многумина Федор го прогласуваат за најдобар ММА борец на сите времиња и затоа неговиот совети секогаш се корисни. Додека претсојуваше во Дубаи даде интервју во кое зборуваше зошто никогаш не влегол во октагонот на УФЦ.

„Дана Вајт мора да научи да ги почитува луѓето и борците, со кои сака да соработува. Тоа е поентата. Не го познаван доволно за да зборувам каков бизнисмен е тој. Всушност, воопшто не го познавам. Можеби тој е добар бизнисмен. Но, мислам дека не треба толку да размислува за парите. Парите не се најважни во животот“,- рече Федор, на кого му беше поставено и прашањето кој е најдобар ММА борец на сите времиња.

„Навистина немам мислење за тоа. Постојат голем број на добри борци. Имаше многу добри борци од самиот почеток на ММА спортот до денес. Никогаш не сум размислувал за тоа кој е најдобар“.

https://youtu.be/hDEMEZQ41PU

print

Можеби ќе ви се допадне...